Колумбиска легенда поканил порно ѕвезда на 50-ти роденден за да му ја - „дува“ свеќата (ФОТО)
Асприлја во ноември годинава ќе наполни 50 години, па јубилејот планира да го одбележи со спектакуларна забава, со познати личности, а меѓу другите повикал и една порно ѕвезда – Есперанца Гомез. Латиноамериканката е една од порно ѕвездите, на која Асприлја очигледно има многу мерак.
Колумбиецот веќе со денови ја прогонува Есперанца, а таа на медиумите открила буквално сè .
„Асприлја сака да ме 'изеде', ама никогаш нема да му дадам. Дури и ми пиша да му ја 'дувам' свеќата за 50-от роденден“, изјавила Есперанца.
Порно глумицата уште во 2015 година откри дека би имала секс со сите членови на колумбиската репрезентација, освен со првите две ѕвезди – Хамес Родригес и Радамел Фалкао.
Асприлја е една од најголемите колумбиски легенди, кој најголемата слава ја стекна во Парма и Њукасл, а сега има своја компанија за производство на кондоми.