Колинда нема срам – ја навреди Риека, па сега ќе дојде на „Руевица“ да навива!?

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ пред повеќе од две недели ја крена цела Риека на нозе, откако зборувајќи на фудбалски теми, посочи дека овој клуб во времето на поранешна Југославија бил - „резервен српски клуб“. И сега, претседателката после глупостите што ги истреска, ќе дојде во Риека да ја бодри репрезентацијата на Хрватска, ама никој не знае со каков дочек ќе се соочи.

Грабар-Китаровиќ објаснувајќи колку фудбалот во Хрватска имал значење повеќе од обична игра, посочи дека Риека била резервен клуб на Црвена Звезда и Партизан и дека нејзе поблиски ѝ биле Хајдук и Динамо, зашто таму играле најдобрите Хрвати. Но, риечанката така силно ги навреди сограѓаните, што тие ѝ вадеа статистики дека Риека нема врска со белградските гиганти, дури ја поткачија дека има „неизлечива болест“.

И сега доаѓа на „Руевица“ како дел од нејзината предизборна кампања, ама повеќе од јасно е дека нема баш риечаните да ја дочекаат со широко раширени раце после скандалозните изјави.

„Како риечанка често одев на фудбал на мечеви на Риека, ама нашата Риека тогаш беше резервен клуб на Ц. Звезда и Партизан, а домашните фудбалери кои беа добри и квалитетни играа за Хајдук и Динамо, па така Хајдук и Динамо беа толку близу до моето срце“, е изјавата на хрватската претседателка.

После изјавите, навивачката група „Армада“ извади транспарент:

„На Запад никогаш не си била, ама затоа си – предавник! Колинда 1950“.

За очекување е дека сега кога ќе се појави на Руевица да се соочи со жестоки реакции од домашните навивачи, кои од поодамна ги разграбаа билетите за клучниот меч со Словачка на кој на светскиот вицепрвак му треба бод за пласман на Евро 2020.