Кога го гледаш Јунајтед на Мурињо немаш друг избор освен да - заспиеш! (ФОТО)

Жозе Мурињо трпи голем број на критики од љубителите на фудбалот дека игра дефанзивен и неатрактивен фудбал. Навивачите на Манчестер јунајтед не се навикнати на такво нешто, бидејќи во ерата на сер Алекс Фергусон работите беа поинакви. 

Најголем доказ за досадниот фудбал, што го практикува сегашниот менаџер е оваа фотографија на која еден навивач на Јунајтед спие за време на дуелот со ВБА. „Ѓаволите“ загубија со 0-1 на „Олд Трафорд“, а нивната игра не придонесе за фудбалска атмосфера на трибините. Додека навивачот спиеше, оние околу него се забавуваа со тоа што му редеа редеа пластични чаши врз глава.