Клоп се налутил зашто доцнат фудбалерите, а тие - се заглавиле во лифт! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул утре играат против Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампиони, па навивачите очекуваат голем спектакл и победа на нивниот омилен тим.

Сепак, еден непријатен момент им се случи на фудбалерите, кои се заглавија во лифт, а Дејан Ловрен реши да се пошегува со колегите и ги сними со телефонот.

Тренерот Јирген Клоп се налутил зашто фудбалерите доцнат на тренинг, но набрзо добил објаснување.