Клоп ги „пецна“ навивачите на Манчестер јунајтед!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги изнервира навивачите на Манчестер јунајтед со својата изјава по ждрепката за четврт-финалните средби во Лигата на шампиони.

Ливерпул во борба за полуфинале ќе се бори со ривалот од Премиерлигата, Манчестер сити, а во ждрепката не се најде името на Манчестер јунајтед, кој претходно беше елиминиран од Севилја.

„Ова е апсолутно ждрепка од соништата... Но за навивачите на Манчестер јунајтед. Сѐ е исто како претходно. Мора да се соочиме со своите ривали. Сега тоа е Манчестер сити, па ќе одиме да се натпреваруваме против нив. Верувам дека тие не сакаа ние да им се паднеме во ова коло“, вели Клоп.