Ќе биде свадба голема: Роналдо ќе се жени!

Најпопуларниот светски фудбалер Кристијано Роналдо конечно ќе стапне на лудиот камен, па во брзо време португалскиот ас ќе се ожени со неговата вереница Георгина Родригез, со која имаат една ќерка покрај трите деца на Роналдо, кои ги доби од сурогат-мајка.

Англиските медиуми објавиле дека Роналдо и Гепргина планираат голема свадба, откако папараците ги фатиле на дело како разгледуваат прстени во „Картие“, како и фактот дека Георгина испробувала венчаници за свадбата.

„Кристијано веќе ја запроси Георгина и таа рече да. Свадбата се подготвува, а само неколку луѓе знаат за деталите“, пишува еден португалски весник.

Роналдо и Георгина се запознаа во јуни 2016 година и веќе подолго време живеат заедно, а пред неколку дена нивната ќерка Алана Мартина наполни една година. Роналдо и Георгина се запознале во еден бутик на Гучи во Мадрид, каде што работела вереницата на Португалецот.