Кевин-Принц Боатенг е вистински цар: Со неверојатен потег воодушеви навивач (ФОТО)

Трансферот на Кевин-Принц Боатенг направи шокантен трансфер од Сасуоло во Барселона. Никој не очекуваше ваков потег на „каталонците“, бидејќи Ганецот е далеку од своите најдобри денови. 

Интересно е дека тој играше сосем пристојно во дресот на Сасуоло па еден навивач во Италија го купил Боатенг на популарните игри „Фантази“. Навивачи потрошил пари за да го има Боатенг во својот тим, а фудбалерот направи трансфер во Барселона. Автоматски му пропаднале парите, бидејќи нема да може да го користи Боатенг, односно неговиот ефект нема да му важи во тимот.

Револтиран поради ова, навивачот решил да му напише порака на Боатенг на „Инстаграм“ за да му ги врати парите, па дури и му оставил сметка. Комплетно се шокирал кога Боатенг му одговорил на барањето и му ги вратил парите. Тој бил изненаден па решил парите веднаш да ги донира во хуманитарни цели.