Кавани ептен се посрамоти буквално со првиот шут во дресот на Јунајтед (ВИДЕО)

Дека на новото засилување за Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани, ќе му треба време да се врати во препознатливата форма доказ е и урнебесното видео, кое се појави на социјалните мрежи на кое е, наводно, овековечен неговиот прв шут како играч на „ѓаволите“.

Тој доби повратна топка, која требаше да ја смести во голот, но наместо тоа, ја испрати високо во небото, што предизвика насмевки кај присутните на теренот.