Кари: Човек стапнал на месечината? Не верувам во тоа!

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Стефн Кари не верува во приказните дека човек бил на Месечината, ниту за тоа што го зборуваат Американците речиси 50 години.

Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс гостуваше во една емисија, каде што се зборуваше за кошарка, но се спомена и вселената.

„Сме биле ли на Месечината?“, водителот го праша Кари.

Веднаш следуваше и негативен одговор од страна на фантастичниот кошаркар.

„Не верувам дека сме биле на Месечината“, кажа Кари, кој мисли дека приказната за екипажот на Аполо 11, кој слета на Месечината во 1969 година бил само лага.

Да потсетиме, Кари не е единствен со слични теории бидејќи неодамна Кајри Ирвинг кажа дека Земјата била рамна.