„Каква мајка си? Ми ги однесе децата во најголемото жариште на пандемијата!“

Една од најконтроверзните жени во светот на фудбалот, Ванда Нара, која моментно е агент на нејзиниот сопруг Мауро Икарди, е личност што зад себе има бурно минато.

Таа обично е во центарот на вниманието поради провокативните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи, но овој пат, доби жестоки навреди од својот поранешниот сопруг, Макси Лопез.

Причина за тоа е нејзината постапка, бидејќи за време на коронавирусот одлучи заедно со своите деца да се врати во Италија, место кое е главно жариште на епидемијата.

Ги одведе нашите деца од Париз во главното шариште. Врз основа на се го прекина карантинот за време на пандемијата. Од сите се бара да не излегуваат, а ти ги однесе нашите деца од една во друга земја. Ги однесе во Ломбрадија (место кое е најзаразено) без да размислиш за последиците, истакна искусен напаѓач, па продолжи:

Што ти минува низ глава во моментите кога е најважна работа здравјето на децата. Јас сум вознемирен затоа што не си свесна за ситуацијата. Ако не сакаш тоа да го направиш за себе, тогаш направи го за нас затоа што си мајка на пет деца, но се чини дека не забележуваш.

Ванда Нара има три деца од бракот со Макси Лопез, а доби уште две деца во врската со Икарди.