Каква корона, Белград на нозе за Звезда: Шампионско славје на црвено-белите (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда по самиот рестарт на сезоната во Србија ја завери шампионската титула, 31. во историјата и тоа на најважниот ден во својата историја, кога се одбележуваше 29 години од европската круна во Бари.

И ако навивачите не можеа да слават на стадион, поради забраната за гледачи, тоа не ги спречи сите звездаши да излезат на улица и еуфорично да се израдуваат на новата шампионска круна, како доказ за доминацијата во последно време на најтрофениот српски клуб.

Со пиротехника, огномет, со кортео со автомобили се слави на улиците во Белград во ек кога коронавирусот и понатаму е здравствена закана во Србија, регионот, но и светот.

Дел од славјето може да погледнете и ТУКА.

Ulice Beograda ?￰゚マニ?￰゚マニ

Posted by FK Crvena zvezda on Friday, May 29, 2020