Каква чест: Тренерот на Алиоски доби сопствена верзија на „Бохемиска рапсодија“ од Квин! (ВИДЕО)

Еден од најголемите хитови во историјата на популарната музика, „Бохемиската рапсодија“ од Квин денеска доби и различна верзија, која му беше посветена на Марсело Биелса, тренерот на Лидс и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Хитот кој беше создаден пред повеќе од 40 години беше инспирација за неколку луѓе да направат урнебесна верзија посветена токму на „Лудакот“ и така да ги воодушеват фановите.