Како да украдете време? Прашајте во Јужна Африка - две минути изведуваа корнер! (ВИДЕО)

Трошењето на време е нешто што во фудбалот многу често се применува, посебно кога треба да се зачува резултатот, но ако некој знае како се „краде“ најдобро време, тогаш тоа дефинитивно се фудбалерите на Мемлоди Сандаунс од Јужна Африка.

Тие на мечот против Блумфонтејн Селтик добија корнер, кој го изведуваа, верувале или не, дури две минути што е навистина рекорд во „крадење“ на време.

Судијата Седрик Мували се налути поради потегот на фудбалерите, па им додели дури три жолти картони, но ниту тоа не ги натера побрзо да го изведат корнерот.

Сепак, фудбалерите на Мемелоди успеаа во нивната намера да ја зачуваат предноста од 2-1 во дуелот.