Јунајтед се спаси од хакерите, ама допрва може да се соочи со – жестока казна

Англискиот великан Манчестер јунајтед пред една недела имаше сериозен проблем со хакерски напад, откако хакери го пробиле клупскиот систем за податоци и се заканија дека ќе ги објават сите тајни, ако не им бидат исплатени милиони.

На крајот Јунајтед успеал да се спаси некако од хакерите, откако од „Олд Трафорд“ побарале помош од стручњаци за одбрана, но не знаат колку податоци им се украдени и дали опасноста да излезе нешто во јавноста останува отворено. Хакерите барале милиони фунти за да не откријат ништо, а наводно 33 милиони фунти претрпел Јунајтед во штета.

На крајот, „црвените ѓаволи“ се спасиле и официјално не платиле ни пени кон хакерите, ама и понатаму останува под закана дека може да протечат податоци. Но, засега, објавуваат англиските медиуми не е јасно како успеале „ѓаволите“ да го прекинат хакерскиот напад и дали бил пронајден некаков „компромис“ со напаѓачите.

Проблем е што англискиот великан може да се соочи со жестока казна, ако се утврди дека сепак имало некакви исплати за да се сочува тајноста на податоците. Ова најмногу е бидејќи Јунајтед имаа акции на њујоршката берза, што значи подлежи и на американските закони. Според истите, 20 милиони долари е казна ако се исплати некаков откуп на сајбер-криминалци, посебно ако се утврди дека тие се од Русија, Иран или Северна Кореја. Во САД, плаќањето откуп се третира како „помош“ за да продолжат со својата работа.