Јапонец го збуни ракометниот свет – пеналите ги изведува како балетан (ВИДЕО)

Кога ќе се помисли на ракомет, Јапонија дефинитивно не е првата асоцијација, но Косуке Јасухира би можел да ја промени својата перцепција, откако стекна светска слава со необичниот начин на кој изведува пенали.

Ракометарот на француски Ним ги збунува голманите со оглед што пред да шутне изведува пируета во стил на најдобрите руски балетани, по што му останува полесниот дел од задачата, а тоа е да ја смести топката зад чуварите на мрежата.

Такво нешто беше видено и во неодамнешниот триумф на тимот на Јасухира против Данкерк (34-23), кога во финишот на средбата со вртење околу својата оска го остави голманот во чудење, по што ја смести топката во горниот лев агол од противничкиот гол.