Јапонците измислија специјален кондом за ЛОИ во Токио – ем најтенок, ем најиздржлив!

Настапот на Летни Олимписки игри за секој спортист се предизвик, битка за медалите е остварување на сонот, ама учеството на најзначајниот спортски настан е привлечен и поради сексот.

Не е тајна дека на секои ЛОИ се трошат стотици илјади кондоми, а после настапите на спортистите, олимпиското село се претвора во село на секс-игри, па Јапонија која во Токио идната година треба да ги организира Игрите, што коронавирусот ги одложи за идното лето, веќе подготвиле специјални кондоми.

Според информациите, Јапонија развила кондоми кои се најтенки досега, само 0,01 милиметар и кои се најиздржливи, бидејќи можеле да издржат до 100.000 покрети. Овие кондоми овозможуваат уживање како да нема заштита при секс, па се очекува во Токио да бидат исклучително барани.

„Само јапонски компании произведуваат вакви кондоми и тие не се продаваат во други земји“, рекоа од една компанија која ги произведува.

Инаку низ годиниве многу олимпијци и олимпијки јавно посочувале за жестоки сексуални односи на минатите игри, а Јамајканецот Јусеин Болт дури и претерувал со оргии додека бил дел од спортскиот фестивал.

Сепак, сега многумина се сомневаат дали креветите кои ги има во олимпиското село ќе ги издржат жестоките сексуални активности, бидејќи се направени од картон. ЛОИ во Токио требаше да се одржат летово, но глобалната пандемија од коронавирус ги откажа игрите и ги презакажа за следното лето.