„Јадам сладолед секој ден, се здебелив седум килограми и не ме собира во костум“

Дирк Новицки пред еден месец ја заврши кариерата, по 21 одиграна сезона во НБА-лигата, а легендарниот Германец откри за промените во животните навики.

Германецот откри дека ги променил своите животни навики, па изненади многу фанови.

„Јадам сладолед секој ден. Пробав некои костуми и тие повеќе не ми одговараат. Накачив дури седум килограми. Искрено, не вежбав ниту еднаш од последниот меч“, призна Новицки.

Во последната сезона го мачеа многу повреди, а тоа пресуди и го натера да се прости од кошарката.

„Тоа беше многу тешка сезона за мене. Мислам дека многу луѓе тоа не го забележале, но за момент многу се мачев и имав болки за време на натпреварите“, објаснува Германецот.