Избегната е трагедија: Ромеро поради брзото возење можел да убие мајка и две деца (ВИДЕО)

Голманот на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро вчера имаше сообраќајна несреќа во Манчестер, откако тргнал кон тренинг-центарот на англискиот гигант, но пред кампот го уништил своето Ламборгини од 170.000 фунти.

Англиските медиуми денеска објавија нови детали од несреќата, а тврдат дека Ромеро поради пребрзо возење ја загубил контролата над своето возило и за малку ќе се судрел директно со возило кое доаѓа од спротивниот правец.

За голема среќа била избегната трагедија, а во возилото кое доаѓало од спротивен правец била жена со две деца. Ромеро го „закачил“ малку нивниот автомобил, но бил избегнат директен удар.