Италијанска полиција апсеше ултраси во Торино, па заплени и – ракета (ФОТО+ВИДЕО)

Ова е за рубрика верувале или не, ама е вистинито. Италијанската полиција после долга истрага тргнала да разбиде опасна ултрас-група на навивачи на Јувентус во Тотино, која била поврзана со милитантни десничарски и неонацистички групи и во акцијата запленила дури и- ракета.

Италијанците се чудат како и од каде ракета „воздух-воздух“ меѓу арсеналот оружје кај „навивачите“. Италијанската полиција долго време истражувала поврзаност на одредени ултрас групи на Јувентус со десничарски и неонацистички групации. Во акцијата во која засега биле уапсени три лица, освен стандардно оружје како ножеви, палки, мачети, биле пронајдени и пиштоли, автоматско оружје и една ракета. Ракетата била пронајдена во една од куќите во Торино при претресот, која е произведена во Франција, а била во арсеналот на катарската војска.

Како завршила во Италија, па уште кај навивачка озогласена групација не е јасно