Иско се скара со навивачите: Што сакате?! (ВИДЕО)

Реал Мадрид се посрамоти на „Сантијаго бернабеу“ против ЦСКА Москва, откако загуби со 0-3, но и покрај тоа претходно го имаше обезбедено првото место во групната фаза од Лигата на шампиони.

Сепак, не им е сеедно на „кралевите“ да загубат на домашен терен и тоа со три гола разлика, а навивачите го покажаа неколку пати незадоволството.

Во еден момент, Иско имаше добра шанса, но не ја искористи, па навивачите нешто му дофрлија, а Шпанецот веднаш им врати - „Што сакате?“.