Иско постигна магичен гол на тренинг, ниту Модриќ не можеше да поверува (ВИДЕО)

Играчот од средниот ред и шпански репрезентативец, Иско, оваа сезона не се изнаигра до дресот на Реал Мадрид, но со денешниот потег на тренингот, може да добиде далеку поголема минутажа од страна на Зинедин Зидан.

Тој постигна спектакуларен гол за време на тренингот и доби аплауз од своите соиграчи, кои со свои очи не можеа да поверуваат што видоа, особено Лука Модриќ.

Иско пристигна во „Кралскиот“ клуб пред седум години од Малага, но многумина веруваат дека тој не ги исполни очекувањата на „Сантијаго Бернабеу“. Во претходните сезони беше доста незадоволен од дадената минутажа, што не се подобри ниту оваа сезона.

Се шпекулира дека Зинедин Зидан и Иско не се на добри односи и дека ова е најголемата причина зошто овој играч од средниот ред не игра толку често.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💥 WOW! 🎯 @IscoAlarcon ↪️ @Casemiro #RMCity #HalaMadrid

A post shared by Real Madrid C.F. (@realmadrid) on