Иранците не го гледале Баерн зашто мечот го судела – жена!?

Иако фудбалот обединува и е над сите закони, во Иран жителите на оваа земја немаа можност да го гледаат германскиот великан Баерн поради преседанот што го направи националната телевизија и го откажа преносот од пресметката на баварскиот великан кај Аугзбург.

Во Иран, како и во низа други земји од Блискиот Исток и Заливот важат шеријатските закони, па на жените им се забранува присуство на спортски настани, каде играат мажи, со некои ситни исклучоци, како што беше случајот со Суперкупот на Италија во Саудиска Арабија. И поради тие шеријатски закони, сега иранската телевизија не сакала да го пренесува мечот на Баварците.

Мечот во Аугзбург го судела познатата германска судијка Бибијана Стајнхаус, а откако во телевизијата дознале за делегирањето веднаш го откажале мечот и Иранците не можеле да ужираат во мајсториите на најдобриот клуб од Германија и моментно актуелен шампион.

И ова не е првпат во Иран телевизијата да направи преседан. Изминатата недела на мечот Манчестер јунајтед – ПСЖ во Лигата на шампионите, како грб на англискиот великан го користела амблемот од 1972 година, а не актуелниот. Објаснувањето било едноставно. Во земјата не може да се користат сотонски симболи, а сооглед дека Јунајтед има „ѓавол“ на својот грб, во Иран го смениле грбот со тој од пред 40-на години.