Интер донесе големо засилување, а во Милано збеснаа по – неговата девојка (ФОТО)
Официјално Кеита Балде доаѓа на едногодишен заем, а идното лето Интер на Монако ќе му плати 35 милиони евра. Балде во Монако дојде пред една година од Лацио за нецели 30 милиони евра и сега повторно се враќа во Серија А.
Но, доаѓањето на Балде во Милано, многу повеќе ги збесна навивачите на „нераѕурите“, девојката на новото засилување. Станува збор за Симона Гуатијери, која работи како топ модел и која сега доаѓа во градот на модата.