Имаат по 8.000 заразени дневно, ама ќе ги пуштат навивачите на трибини!

Руската фудбалска федерација потврди дека ограничен број на навивачи ќе можат да влезат на стадионите, откако ќе почне првенството во државата на 21 јуни.

Властите дозволија да продолжи шампионатот со присуство на навивачи, откако беше откриено дека неколку клубови имаат финансиски потешкотии поради прекинот на сезоната.

Во првата фаза, веднаш по рестартот на натпреварувањето, клубовите може да продаваат само 10% од билетите за натпреварите.

На клубовите ќе остане да решат како ќе ги распоредат навивачите на стадионите, а тоа зависи и од капацитетот на истите.

Мора да се спомене дека ситуацијата со Ковид-19 во Русија е лоша во моментов бидејќи имаат по 8.000 нови случаи дневно.