Имаа гол за пласман во следна фаза, но во 99 минута уништија сè поради - жолт картон!

Натпреварувањето по групи во овогодинешниот Азиски куп, кој се игра во Обединетите Арапски Емирати имаше неверојатна завршница.

Во лудото последно коло во борба за пласман понатаму како најдобро третопласирани беа Бахреин, Киргистан, Оман, Виетнам, Либан и Палестина.

Сите освен Палестина победија, а Либан испадна на неверојатен начин. Тие против Северна Кореја требаше да победат до четири голови разлика, додека резултат од 4-1 им носеше евентуална ждрепка, зашто по сите други параметри ќе беа израмнети.

Северна Кореја стигна до водство во деветтата минута, но Либан направи целосен пресврт, па во судиското продолжение стигнаа до 4-1 и им требаше уште еден гол за пласман понатаму, а вака имаа сигурна ждрепка. Сепак, тие си ги уништија шансите, кога во следниот напад добија жолт картон и на крајот испаднаа според критериумот на фер-плеј.