Има ли полудо: Италијанска олимпијка скија ПОД вода (ВИДЕО)

Италијанската специјалистка за велеслалом, Федерика Брињоне сними необично видео по повот светскиот ден на океаните, па скијаше на момент под вода.

Италијанката облечена комплетно во опрема за скијање, со кацига, одело и со скии на нозе, се нурна во вода и се обидува да направи потези како да се наоѓа во моментов на некој глечер, каде вообичаено се подготвуваат алспките скијачи во овој период.

Брињоне е ќерка на славната скијачка Мари Розе Куарио и има осум победи во Светскиот куп и по една бронза од СП во Гермиш во 2011 и ЗОИ во Пјонгчанг од 2018 година.