Илари од Тоти бара богатство, тој нема да ѝ даде повеќе од 7.000 евра месечно!

Откако еден од најпознатите парови се разведе по 17 години брак и три деца, иконата на Рома Франческо Тоти и сега веќе бившата сопруга Илари Блази завршија на суд околу алиментацијата, старателството врз децата и поделбата на богатството.

И веќе почнаа да излегуваат пикантерии, па медиумите дознале од рочиштата дека Илари Блази барала од Тоти месечно да ѝ исплаќа 20.000 евра за неа, плус уште 17.500 евра за алиментација за децата. Арно ама, Тоти експресно одбил сѐ и ѝ понудил максимално да исплаќа 7.000 евра.

„Може да платам 7.000 евра, а на Илари нема да ѝ дадам ништо“, рекол Тоти.

Втората пикантерија е дека Илари „му украла“ неколку скапоцени часовници на „Принцот на Рим“ и не сака да му ги врати, па од одмазда Тоти ѝ ги запленил скапоцените чанди од познати брендови.

Бракот на Тоти и Илари се распадна откако легендата на Италија дознал дека неговата сопруга го изневерува.