Игуаин со непримерен потег ја згрози англиската јавност (ВИДЕО)

Челси минатиот викенд се соочи со катастрофа на „Итихад“, каде што загуби со 0-6 од Манчестер сити, а по натпреварот се појави снимка од Гонзало Игуаин, кој ја згрози англиската јавност.

Игуаин плукаше по тунелот додека излегуваше на теренот и најверојатно не размисли дека тоа ќе биде снимено со камера.

Откако Сити го објави видеото, Аргентинецот е на голем удар на јавноста. А, како изгледаше неговиот грозен потег може да погледнете на 15.55.