Снукер-играч влезе во историјата - ѝ покажа среден прст на белата топка (ВИДЕО)

Првата рунда од Светското првенство во снукер беше одбележано со невообичаениот инцидент што сигурно ќе влезе во историјата на овој спорт, откако Курт Мафлин ѝ покажа среден прст на – белата топка.

Тој беше на чекор до максимален „брејк“ во 16. „фрејм“ од дуелот против Дејвид Гилберт, но тогаш буквално ја загуби главата гледајќи го распоредот на топчињата на чојата. Неговиот несекојдневен потег беше забележан во директен пренос на Евроспорт, поради што коментаторот мораше јавно да им се извини на гледачите.

 

 

Мафлин доби опомена од судијата и најава дека ако уште една му се случи нешто такво, автоматски ќе го загуби „фрејмот“.