Ибрахимовиќ се опушта на јахта со хит од - Аца Лукас (ВИДЕО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ поради повреда не успеа да настапи на Европското првенство (ЕП), па паузата ја искористи за одмор и полнење на батериите пред следната напорна сезона.

Ибрахимовиќ одмара на јахта, а со своите фанови на социјалните мрежи објави дел од атмосферата. Тој се јави преку Инстаграм, а во позадина можеше да се слушнат неколку познати балкански хитови, меѓу кои и еден на Аца Лукас.

По Нада Топчагиќ и нејзината песна, Ибрахимовиќ реши на светската јавност да ѝ претстави нова песна од Балканот.