Хулигани на Франкфурт и Динамо крвнички се тепаа во Украина (ВИДЕО)

Вечерва се играат натпреварите од нокаут-фазата во Лигата на Европа, а веќе беа забележани немили сцени. Најпрво хулигани на Лацио нападнаа навивачи со ножеви во Рим, а синоќа имало инцидент и во Украина, каде што Франкфурт му гостува на Шахтјор.

Инцидентот се случил во центарот на градот, каде што навивачите на Динамо Киев решиле да се пресметаат со тие на Франкфурт, а тепачката е снимена синоќа од една жена, која била во локал кој се наоѓал во близина.