Хулигани линчувале фудбалери во Турција – играчи од ќотекот биле во бесознание (ВИДЕО)

Сериозен инцидент се случил на меч во турските аматерски лиги, откако Јени Чанспор и Султангази одираа реми 2-2, по што домашните хулигани ги нападнале гостинските фудбалери и буквално ги – линчувале.

Хоророт се случил по завршувањето на мечот, кога хилиганите тргнале во крвнички напад, а сето тоа продолжило во подтрибинскиот простор и во соблекувалните. Фудбалерите биле тепани до онесвестување, а сведоци од големиот инцидент тврдат дека ваков линч досега не е виден.

Видеа од бруталниот ќотек се појавија на интернет, на кои фудбалери во бесознание лежат на подот во соблекувалната, додека други облеани во крв едвај успеваат да се скријат.

Турските медиуми пишуваат дека пет фудбалери со сериозни повреди биле веднаш хоспитализирани во болница.