Хулигани ја исмејуваа смртта на Сала, па сега им следува жестока казна!

Смртта на Емилијано Сала ја потресе светската јавност, откако неговиот авион се урна на 21 јануари во Ламанш, а вчера беа забележани грозни сцени во Премиерлигата.

Саутемптон го пречека Кардиф (1-2), а двајца навивачи на домашниот тим го исмејуваа летот на авионот и смртта на Сала.

За среќа, камерите го забележаа нивниот болен потег, па веднаш биле исфрлени од стадионот и сега има се заканува суспензија од три години, а некои сметаат дека ќе добијат доживотна забрана за влез на стадионот.

„Клубот ќе продолжи да соработува со полицијата на идентификација на секој поединец кој учествувал во исмејувањето. Такво однесување нема место на нашиот стадион и нема да го толерираме. Клубот има цврст став за секој кој има врска со инцидентот и ќе биде избркан од стадионот“, порачаа од клубот.