Херта со урнебесна шега: Дедрик Бојата го стави Вернер „во џеб“ (ФОТО)

Фудбалерите на Херта синоќа одиграа 2-2 на незгодното гостување кај Лајпциг во 28. коло од Бундеслигата.

Клубот од Берлин успеа да освои бод во финишот од мечот, кога Криштоф Пјонтек погоди од пенал за 2-2.

Херта по мечот се пошегува на сметка на напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, кој не заблеска на теренот, а го напушти теренот во 79. минута.

Одбраната на Херта одлично го чуваше, а за тоа беше задолжен Дедрик Бојата. Тие се пошегуваа дека тој го ставил Вернер „во џеб“ за време на мечот.