Хаос во Мелбурн: Руски навивач се степа на трибините (ВИДЕО)

Не се случува често публиката да биде бесна на Австралијан опен, како и да се тепа. Сепак, денеска еден руски навивач влезе во конфликт со останатите на трибината.

На мечот меѓу Ник Кирјос и Карен Хачанов претходеше тепачка, кога еден навивач во дрес на Русија беше осамен и се степа со друг човек на трибините, по што останатите збеснаа и сакаа да се пресметаат со него.

Сепак, некои гледачи кои беа мирни веднаш реагираа и ги разделија тепачите, а набрзо се појави и обезбедување кое го изнесе Русинот надвор.