Хаос во Аргентина: Четири фудбалерки завршиле во болница по жестока тепачка (ФОТО+ВИДЕО)

Неверојатни вести пристигнуваат од Аргентина, откако четири фудбалерки завршиле во болница по жестока тепачка на фудбалски терен.

Хаосот на теренот се случил откако судијата досудил пенал, а потоа почнала пресметката помеѓу фудбалерките.

По неколку минути некако успеале да ја сопрат тепачката, а дури четири од девојките останале да лежат на теренот. Брзата помош брзо стигнала и тие биле префрлени во болница, каде што добиле медицинска помош.