Каде и да се појави прави „пепел“: Гризман прогласен за најголем малер во историјата (ФОТО)

Француската ѕвезда Ентоан Гризман, фудбалерот на Атлетико Мадрид во неделата облечен во дрес на Бока јуниорс го гледаше Суперкласико во Мадрид, но не се израдува на победа на својот омилен тим, по што навивачите низ светот веднаш го прогласија за – најголем малер.

Гризман, според навивачите, носи несреќа, зашто за кого и да навива се случува нешто лошо. Бока е последна во низата кои страдаат од „малерот“, а претходно такви случаи имаа Дерек Роуз, Хауард и Казинс, трите НБА-ѕвезди, кои се повредуваа од моментот кога Гризман им стана голем пријател и верен навивач

Сега Французинот е под тежок сеир на социјалните мрежи, но ако ништо друго со головите барем се среќни навивачите на екипите за кои игра, Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Франција. Во минатата сезона, Гризман со Атлетико ја освои Лига Европа, а со Франција стана светски првак.