Господата од Дортмунд: Белгијка си замина плачејќи, а за една недела доби изненадување!

Германскиот бундеслигашки лидер Борусија Дортмунд уште еднаш покажа дека е господски клуб, откако успеа да израдува една Белгијка, навивачка на Бриж, која на стадионот „Сигма Идуна Парк“ си го загубила својот ајфон.

Бриж гостуваше во Дортмунд во рамките од претпоследното коло во Лигата на шампионите, мечот заврши без победник и без голови, но Белгијката си заминала дома разочарана и плачејќи зашто го загубила Ајфонот.

И кога дошла дома, нејзиниот татко веднаш го блокирал телефонот преку Ајклауд, па пратил порака дека истиот е загубен, сосе подадотице кое лице треба да го контактираат. Трудот се исплатил по само една недела.

Во поштенското сандаче на навивачката на Бриж, стигнал пакет од Дортмунд со грбот на Борусија. Навивачката не можела ни да претпостави што има во него, се додека не го отворила и не го видела својот Ајфон.

Борусија со телефонот ѝ испратила и писмо со благодарност дека била гостин во Дортмунд.