Гореше небото над Белград: „Делии“ ја прославија новата титула (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена Звезда ја прославија 33. титула во историјата на клубот со спектакуларна атмосфера, а на фотографиите може да се забележи дека небото над Белград буквално гореше.

„Делии“ се погрижија за спектакуларен огномет, идентичен на тој кој го имаа и на последното вечно дерби против Партизан.