Голман грозоморно ја убил својата девојка, па сега затворот му го замениле со – куќен протвор?!

Се сеќавате на бразилскиот голман Бруно Фернандеш (34) кој го потресе светот откако во 2013 година заврши во затвор поради убиство на својата девојка и тоа на најгрозоморен начин? Токму тој после нецели шест години зад решетки, сега добил „помилување“, па затворската казна му ја смениле со куќен притвор и потегот наиде на неверојатно гневни реакции во Бразил.

Фернандеш ја убил девојката Елиз Самудио, а поводот била тужба за алиментација, која бразилскиот голман требало да ја плаќа за својот син. Чинот на убиството било и свирепо, а и грозоморно.

Тој со своите пријатели направил пеколен план и откако ја убиле девојката, нејзиното дело го исекле на делови и го фрлиле да го јадат куќиња. Кога после истрагата, Фернандес бил уапсен, тој признал дека учествувал во планот за убиство, но самото злосторство никогаш не го признал. Без оглед на сѐ, добил 22 години затвор и барем малку јавноста била задоволена.

Арно ама, сега доаѓа бизарниот дел. После нецели шест години, Фернандес е пуштен од затворот Варгиња во сојузната држава Минас Геираш. Судот му дозволил остатокот од казната да го помине во – куќен притвор.

Бразилските бирократи процениле дека Фернандеш ги исполнил условите да биде префрлен од затвор во куќен притвор. Во случајот со голманот, тој ќе морал само да преноќува во друг затвор, а остатокот од денот може да го користи за тренинзи или да оди на работа. Првично тој требал да биде префрлен во друг затвор од полуотворен тип, ама нема место, па така ќе си седи дома секој ден од 20 часот до 6 часот наутро.

Инаку во март 2017 година тој на крако бил пуштен на слобода со одлука на судот, додека повисока инстанца одлучувала за случајот, но после два месеци на слобода повторно се нашол зад решетки. И во тој период, второлигаш го ангажирал, па јавноста полуде и на крајо клубот ги загуби сите спонзори.