Голферка долг период криела сексуално вознемирување: Само спортот ми беше спас...

Шведската голферка Маделен Сагстром во моментов е на 62. позиција во светот, а сега за првпат зборуваше дека била сексуално вознемирувана од постара личност кога имала само седум години.

Голферката сега има 28 години и реши да ја откри својата мрачна тајна за да им помогне на тие кои живеат или имаат слично искуство.

„Со години молчев и се правев како ништо да нема. Голфот беше мојот спас и кога играв, секогаш заборавав на тоа што го минав. Со години се обвинував себеси. Се мразев, повредена бев физички и психички и се плашев. Најголем чекор беше тој кога на својот ментор му ја раскажав мрачната приказна, а потоа почнав да играм подобро и да освојувам турнири. Исфрлете го тоа од себе и ќе бидете подобри во животот“, вели таа.