Голема трагедија се случила во Минхен: Внука на фудбалер на Падерборн починала на „Алијанц“

Голема трагедија се случила синоќа на минхенската убавица „Алијанс Арена“ за време на мечот Баерн Минхен – Падерборн во германската Бундеслига, откако 14-месечно девојче, внука на гостинскиот фудбалер Стерли Мамба починало.

Родителите со девојчето дошле да го гледаат мечот, но таа во еден момент ја загубила свеста, а иако лекарските служби на стадионот експресно реагирале и направиле сè за да ја спасат, внуката на Мамба сепак го загубила животот.

Баерн Минхен испрати сочувство, а во Падербонт сите се сериозно потресени за неверојатната трагедија што се случила. Засега нема детали од што починало 14-месечното девојче.