Го претепал тренерот на ривалот и го оставил без заби! (ВИДЕО)

Џои Бартон, поранешен англиски фудбалер и тренер на третолигашот Флитвуд, го претепал колегата од Барнсли, Даниел Штендел по поразот на својот тим од 2-4.

Медиумите пишуваат дека Бартон прво го удрил со глава, па со бокс, а потоа го давел додека шокираните фудбалери гледале. Луѓето од Барнли, наводно, го снимиле целиот инцидент, па пријавиле во полиција.

Штендел добил медицинска помош, а „Дејли Мејл“ пишува дека 45-годишниот тренер останал без заби.

Бартон потоа се обидел да избега од стадионот, но полицијата го запрела.