Глупост на векот: Излезе сам пред голманот, па реши да му асистира на – помошникот (ВИДЕО)

Една од поголемите фудбалски глупости во последно време се случи на синоќешната пресметка од шпанската Втора лига, помеѓу Мајорка и Албасете, кога гостинскиот фудбалер Мену Фостер излезе сам пред голманот и наместо да заврши непотребно – асистираше.

Проблемот е во тоа што асистенцјата беше ужасна, па наместо кај соиграчот, кој ионака беше неколку чекори поназад, заврши кон аут-линијата, каде што традиционално седи помошниот судија.

Натпреварот заврши со резултат 0- 0, а домашниот тим на Мајорка промаши пенал во 54. минута.