Главниот сведок против Кокорин и Мамаев паднал од балкон во хотел во Прага?!

Атрактивната Екатерина Бобкова, која многу често ги збудалуваше Русите со секси фотографии на социјалните мрежи паднала од балкон во хотел во чешката престолнина Прага и се наоѓа во кома. Бобкова интересно е главниот сведок за жестоката казна на двајцата руски репрезентативци Александар Кокорин и Павел Мамаев.

Кокорин и Мамаев беа осудени на по 18 месеци затвор зашто брутално претепале човек од Владата на Русија, а потоа и еден таксист и после бруталната тепачка експресно беа пратени во притвор, а потоа и осудени на затвор. Бобкова била клучниот сведок за инцидентите и нејзините сведоштва практично ги донеле затворските казни за руските репрезентативци.

Таа во сведочењето се обидела да ги сопре Кокорин и Мамаев, но не успеала, а потоа пред судот открила уште детали од ноќта во која бруталниот напад на фудбалерите придружувани од пријателите ја згрози Русија.

Неколку дена по објавената затворска казна, Екатерина била пронајдена како беспомошно лежи на тлото пред еден хотел, откако паднала од балконот. Таа е ставена во индуцирана кома, зашто има низа тешки повреди – скршени ребра, нагмечување на белите дробови, внатрешно крварење...

„Ние ја исконтактиравме полицијата во Прага која врши истрага околу инцидентот со руската државјанка Екатерина Бобкова. Сакаме да ги знаеме сите детали за случајот и како тече истрагата“, објавиле од руската амбасада во Чешка.

Полицијата сега истражува дали падот на Екатерина е несреќен случај или се работи за убиство со умисла.