Ги преминаа сите граници: Хулигани со нож гаѓале фудбалер во Меделин (ФОТО)

Дуелот меѓу Меделин и Милонариос заврши со победа на гостите од 2-1, но во центар на внимание беше грозна сцена од финишот на мечот.

Откако гостите го постигнале вториот погодок, кон нив од трибините долетал нож, кој паднал покрај Давид Мекалистер, но за среќа никого не погодил и немало повредени.

Ова не е првпат да се случуваат вакви сцени во Меделин, откако минатата сезона се степаа две помалку групи на навивачи со мачети пред дуел со градскиот ривал Атлетико Насионал.