Германците од поразот со Мексико болката ја лечеле гледајќи - порно!

Актуелниот светски шампион Германија не го почна Мундијалот во Русија како што посакуваше, па беа поразени во првиот натпревар од Мексико.

Германците си направија проблеми и сега им виси и пласман во осминафиналето на Светското првенство, а поразот во првиот меч ги разочара навивачите. А, голем дел од нив одлучи на интересен начин да се „опуштат“.

Според податоците на германски провајдер за порнографска содржина, гледањето на филмови за возрасни се зголемило за 38% веднаш по поразот на стартот на Мундијалот.

Изненадувачки пораст на посета на сајтовите со порнографска содржина е забележан веднаш по голот на Ирвинг Лозано за 1-0.