Георгина прво тверкаше, па сега ги поздрави фановите со „жешка“ слика од кревет (ФОТО)

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез продолжи во ист ритам да им го одзема здивот на нејзините фанови со провокативни фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Пред три дена Георгина објави кратко видео на кое тверка, а за само неколку часа го прегледаа повеќе од осум милиони луѓе, додека синоќа таа повторно реши да им ја активира фантазијата на припадниците на посилниот пол.

Георгина објави фотографија на Инстаграм од спалната соба и така им посака добра ноќ на нејзините фанови.