Гендузи го истрола Фелаини: Љубоморен си зашто немаш коса како мојата (ВИДЕО)

Фудбалската јавност беше шокирана со потегот на Маруан Фелини, кој во дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал го повлече за коса младиот Матео Гендузи.

Пред неколку недели Фелаини го смени својот стајлинг. Па, сега нема долга коса како што имаше во минатата, а неговиот потег против Арсенал доби многу критики.

Иако младиот фудбалер на Арсенал беше шокиран поради потегот на Фелаини, сепак по мечот беше расположен и реши да го истрола Белгиецот.

„Мислам дека е љубоморен. Можеби не сака да го прифати фактот дека нема коса како мојата“, кажа Гендузи.

Инаку, фудбалската асоцијација на Англија нема да ја разгледува ситуацијата и да го казни Белгиецот.