Газдата на шампионот во НФЛ вмешан во секс-скандал! (ФОТО)

Сопственикот на шампионот на НФЛ, Њу Ингланд петриотс, Роберт Крафт е уапсен на Флорида поради проституција.

Американските медиуми пишуваат дека 77-годишниот Крафт е уапсен бидејќи плаќал за сексуални услуги во „Азиска орхидеја“, спа-центар на Флорида.

Од друга страна, портпаролот на Крафт ги негираше обвинувањата.

„Категорично ги отфрламе обвинувањата за учеството на Крафт во било какви нелегални активности“, вели портпаролот.

Крафт ги презема Петриотс во 1984 година, а од тогаш тие играа во 10 финалиња и освоија шест титули.